Какво време нѐ очекува за новогодишниот викенд?

Какво време нѐ очекува за новогодишниот викенд?

Во текот на следните денови, како и за време на продолжениот празничен викенд, според прогнозите на метеоролозите, ќе имаме топол дочек на Новата година, без температури во длабок минус, но и без снег.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, деновиве ќе продолжи периодот на стабилно и релативно топло време. По котлините ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури.

Така, најниските температури за време на продолжениот викенд ќе одат до -4  Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачуваат и до 17.

Прогнозата вели дека в петок и в сабота ќе има мала до умерена облачност и магла по котлините со максимална дневна температура од 8 до 17 и од 6 до 14 степени, додека в недела ќе се подготвуваме за дочек на Новата година со променливо облачно време и максимална температура од 7 до 15 Целзиусови степени.

Фото: УХМР