Серија Redmi Note 14 - со одличните телефони доаѓаат и одлични подароци

Серија Redmi Note 14 - со одличните телефони доаѓаат и одлични подароци

Совршено време е да ја откриете иднината на технологијата со најновата серија Redmi Note 14! Искористете ја оваа одлична понуда и во периодот од 27 јануари до 16 февруари, кога ќе купите Redmi Note 14 Pro, Redmi Note 14 Pro 5G или Redmi Note 14 Pro+ 5G, ќе добиете Redmi Buds 6 Pro на подарок, или доколку изберете Redmi Note 14, ќе добиете Redmi Buds 6.

Новата серија телефони се карактеризира со супериорна издржливост и напреден систем за AI камера со висока резолуција. Сите овие карактеристики ги класифицираат моделите од серијата Redmi Note 14 во категоријата паметни телефони кои можат да ги задоволат потребите и на најпребирливите потрошувачи.

Неверојатни фотографии со новиот систем на AI камери

Серијата Redmi Note 14 нуди напредни камери кои овозможуваат исклучителни фотографии. Pro верзиите доаѓаат со камери до 200 MP кои вклучуваат AI технологија и оптичка стабилизација на сликата (OIS), што дополнително помага во снимањето на неверојатните животни спомени.

За оние што сакаат одлични резултати по уште попристапна цена, Redmi Note 14 располага со систем камери од 108 MP кој обезбедува исклучително остри и живописни слики. За корисниците што се стремат кон фотографирање на професионално ниво, серијата Redmi Note 14 ги надгради задните и предните камери за најмалку 20 MP. Со креативната функција Dynamic shots фотографиите оживуваат со суптилни движења, додека функцијата Dual видео овозможува истовремено снимање преку предната и задната камера, обезбедувајќи различни перспективи.

Pro моделите имаат посебни AI можности – oд AI Image Expansion, што ја проширува заднината за уште подобра снимка и AI Erase Pro, функција која ги отстранува објектите од фотографиите што не ги сакате, преку AI Sky, едноставна замена на заднината, па сѐ до Google Gemini, кој обезбедува директен пристап до вештачката интелигенција.



Отпорен на паѓање, прскања и гребеници

Со телефоните од серијата Redmi Note 14, можете да се опуштите кога станува збор за падови, прскања и гребеници, бидејќи All-Star Amor Structure работи во ваша корист. Алуминиумската рамка, пената што апсорбира удари и полимерниот материјал се присутни на моделите Redmi Note 14 Pro+ 5G и Redmi Note 14 Pro 5G, додека на моделите Pro им дава дополнителна отпорност на гребење со Corning® Gorilla® Glass Victus.
Серијата телефони Redmi Note 14 функционира беспрекорно во различни временски услови. Со IP64 и IP68 сертификатите, телефоните од оваа серија имаат и заштита од прашина и вода, како и отпорност на прскање и мали честички.

Redmi Buds 6 и Redmi Buds 6 Pro – најдобро аудиоискуство како подарок

Redmi Buds 6 обезбедува врвен звук и персонализирано аудиоискуство, со напредниот систем кој го намалува шумот до 49 dB и автоматски се приспособува на околината. Двојните микрофони со AI намалување на бучавата овозможуваат јасни повици дури и при силен ветер, додека батеријата што трае до 42 часа со куќиштето овозможува повеќе музика, видеоигри или повици со само едно полнење. Паметните опции за поврзување овозможуваат непречено споделување звук или користење на слушалките за hands-free фотографирање со едноставни движења.

Redmi Buds 6 Pro оди чекор подалеку – тројните драјвери со Hi-Res Audio Wireless сертификат обезбедуваат богати басови и кристално чисти тонови, со ANC до 55 dB и ултраширок опсег на фреквенции за елиминирање на звуците што го одвлекуваат вниманието. Со едноставни контроли на допир, можете лесно да управувате со повиците, музиката, јачината на звукот и режимите ANC. За уште подобро искуство, приспособливиот еквилајзер (EQ) има различни режими кои ви овозможуваат да го приспособите звукот според своите желби и потреби.

Не пропуштајте ја можноста да си набавите еден од телефоните што ќе ја редефинира категоријата, а заедно со него да добиете и фантастичен подарок!

Повеќе за понудата можете да дознаете на линкот.

(Комерцијална објава)