Леден брег двапати поголем од Њујорк се очекува да се отцепи од гребен на Антарктикот

Леден брег двапати поголем од Њујорк се очекува да се отцепи од гребен на Антарктикот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Леден брег приближно двојно поголем од Њујорк се очекува да се отцепи од ледената плоча на Антарктикот како резултат на брзото ширење на пукнатината.

Во октомври 2016 година се појави пукнатина на дел од ледениот гребен Брун. Пукнатината се шири на исток и се очекува да се вкрсти со уште една пукнатина, која била стабилна во изминатите 35 години, но сега се проширува северно со брзина од околу 4 километри годишно.

Кога ќе се сретнат овие две пукнатини, а тоа треба да се случи за неколку недели, ќе биде разлабавен ледениот брег од 1.709 квадратни километри. Процесот се јавува природно кај ледените гребени, но неодамнешните промени се непознати во оваа област и може да доведат до дестабилизација на ледениот гребен Брунт, предупредува НАСА.

mraz
Фото: Getty Images


- Губењето на мразот од другата страна на пукнатината посочува дека е можна поголема нестабилност - вели Крис Шуман, глациолог од НАСА.

Очекуваниот леден брег е поголем според повеќето мерки и тој е предизвикан од други неодамнешни отцепувања на Антарктикот. Во јули 2017 година еден од најголемите ледени брегови се отцепи од ледениот гребен Ларсен Ц и беше речиси двојно поголем од американската држава Делавеер.

Долгорочната иднина на ледените гребени на Антарктикот ќе има големо влијание врз зголемувањето на нивото на морињата во целиот свет. Извештај од американските и британските научници минатата година наведува дека мразот на Антарктикот се топи со рекордна брзина, што претставува голема закана за крајбрежните градови.

Истражувањето покажа дека топењето на мразот е забрзано за три пати во последните пет години. Доколку не се преземат драстични мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови и ограничување на глобалното затоплување, научниците проценуваат дека топењето на мразот на Антарктикот треба да додаде повеќе од 25 сантиметри на вкупниот глобален пораст на морското ниво до 2070 година.