Еколошка библиотека во Кина покриена со 40.000 дрвени гранки
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Библиотеката „Лијуан“ во близина на Пекинг претставува место за релаксација и прибежиште за луѓето што сакаат да избегаат од градскиот метеж.
Многу посетители доаѓаат овде поради уникатниот дизајн на библиотеката. Градбата е дизајнирана од Ли Сијаодонг, професор на Универзитетот „Цингхуа“. Библиотеката е изградена од лесни материјали како дрво и гранки и самата се лади.
Во изградбата било искористено само мало количество бетон. Од надворешната страна библиотеката е покриена со над 40.000 дрвени гранки собрани од селаните. Светлината влегува во библиотеката преку специјални филтри и е доволна, но не и пресилна, за читање.
Извор: Youtube
Фото:
Li Xiaodong