Животниот век повеќе не се зголемува - живееме пократко од нашите предци

Животниот век повеќе не се зголемува - живееме пократко од нашите предци

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Очекуваниот животен век престанал да се зголемува особено во Европа, од 2011 година. „Веќе не живееме подолго“, заклучуваат десетици истражувачи од Универзитетот Источна Англија, Универзитетот во Вашингтон, Универзитетот во Екстер, Институтот за мерење и процена на здравје и британското Министерство за здравје и социјална заштита.

- Храната што ја јадеме, физичката неактивност, дебелината, високиот крвен притисок и холестерол во голема мера се одговорни за оваа стагнација - велат експертите по анализата на здравствените податоци на Европејците.

- Стапката на напредок беше пониска во периодот од 2011 до 2019 година во споредба со периодот од 1990 до 2011, во сите земји освен Норвешка - се наведува во истражување објавено во списанието „Лансет паблик хелт“.

- Напредокот во јавниот здравствен систем и медицината во 20 век овозможи зголемување на животниот век во Европа од година на година. Но, тоа веќе не е случај. Во децениите помеѓу 1990 и 2011 животниот век значително се продолжил благодарение на подобрувањата во лекувањето на кардиоваскуларните болести и ракот - објаснува Ник Стил од Универзитетот Источна Англија.

Откако животниот век достигнал врв во 2011 година, пораснаа ризиците, како што се дебелината, високиот крвен притисок и високиот холестерол, при што дебелината и нездравата исхрана се најголеми причинители.

Овие откритија доаѓаат по истражувањето на Институтот „Макс Планк“ и Универзитетот во Единбург, објавено во септември минатата година, кое сугерира дека милениуми на генетски мутации ги направиле луѓето помалку отпорни во споредба со нашите предци.

Се чини дека релативно удобниот начин на живот и напредокот во медицинската нега имаат парадоксален ефект, правејќи ги современите луѓе подложни на овие мутации повеќе отколку нашите предци, велат научниците.

Извор: Nova.rs
Фото: