„Интернет-архива“ овозможи бесплатен пристап до 1,4 милион книги
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Веб-страницата „
Интернет-архива“ привремено овозможи бесплатен пристап до над еден милион книги за сите корисници на интернетот.
Студентите, професорите и сите други сега имаат
бесплатен пристап до над 1,4 милион книги како дел од таканаречената Национална итна библиотека. Станува збор за проект кој започна неделава, а е дело на непрофитната организација „Интернет архива“.
Фото: Pixabay
Ширењето на
коронавирусот принуди милиони студенти да останат во домовите и да се префрлат на онлајн-учење. Беа затворени и библиотеките во многу држави. Непрофитната организација „Интернет архива“ е позната по својата веб-страница „
Вејбек машин“, со која може да се гледаат стари верзии на сите веб-страници што некогаш биле качени на интернет.
Оваа организација претходно дигитализира над еден милион книги што биле донирани од образовните институции и библиотеките. За да се добиеше пристап до овие книги, требаше да се запишете на листа на чекање, но сега тоа не е потребно.
Фото: Pixabay
Мисијата на „Интернет архива“ е да обезбеди универзален пристап до целото знаење во светот. Проектот ќе биде активен до 30 јуни или до крајот на вонредната состојба во САД. Дигиталната библиотека е бесплатна и достапна за сите, не само за американските граѓани.
Автор: Меди Бендер
Извор:
vice.com