Светските филмски фестивали ќе организираат бесплатен онлајн-фестивал на „Јутјуб“
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
„Јутјуб“ почнува соработка со „Трибека“, „Кан“, „Санденс“ и
други фестивали за да понуди бесплатен филмски фестивал на својата платформа од 29 мај до 7 јуни.
Фестивалот ќе биде продуциран и организиран од „Трибека ентерпрајзес“ и во негови рамки ќе бидат прикажани долгометражни, кратки, документарни филмови и панел-дискусии од програмите на 20 светски фестивали, вклучувајќи ги оние во Кан, Венеција, Берлин, Торонто и Токио.
Фото: Pixabay
Фестивалот ќе биде бесплатен за целата јавност и нема да вклучува реклами. Гледачите ќе бидат охрабрени да придонесат за помош на погодените од коронавирусот со донации кои ќе бидат собрани од фондацијата на Обединетите нации. Сè уште не е објавена филмската програма.
Џејн Розентал од „Трибека ентерпрајзес“ изјавува дека настанот ќе им даде на гледачите слика за уникатноста на секој фестивал.
Фото: Pixabay
Поради пандемијата на коронавирусот, беа откажани или одложени многу филмски фестивали, иако некои фестивали се обидуваат да ги организираат настаните онлајн.
Извор:
digitaltrends.com