Која книга била првиот бестселер, а не е Библијата?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Дали знаете дека околу 50 книги може да се направат од едно дрво и дека во просек се објавуваат околу 125 нови наслови дневно во светот?
Постојат низа други интересни занимливости за книгите.
- Најстарата печатена книга е Библијата, која била отпечатена во Мајнц, во 1455 година, од Јохан Гутенберг на мобилна машина за печатење. Исто така, Библијата е најпродаваната и најраспространетата книга во светот, а и најпреведуваната.
- „Авантурите на Том Соер“ на Марк Твен се смета за прв роман напишан на машина за пишување.
- Првите печатени
книги биле без името на авторот и насловот на корицата. Биле прекриени со цртежи, везени со кожа или украси со злато.
- Првата книга што се продала во повеќе од милион примероци била „Колибата на чичко Том“ на Хариет Бичер Стоу, првпат објавена во 1852 година.
- Потребни се околу 475 часа за да се напише роман.
- Денес има повеќе од 130 милиони објавени наслови во светот.
- Најдолгата напишана реченица се наоѓа во романот „Клетници“ на Виктор Иго и има 823 збора.
- Терминот „книжен молец“ се однесува на љубител на книгата и се користи поради малите инсекти што се хранат со повезот на книгата.
- Куќата на Чарлс Дикенс имала тајна врата скриена зад лажна полица со книги.
- Најголемата библиотека е Американската библиотека на Конгресот во Вашингтон, со 30 милиони книги на речиси 500 јазици и повеќе од 58 милиони ракописи.
- На Меѓународниот саем на книгата во Хавана, во 2010 година, била изложена книга долга 3,2 метри, широка 2 метра и тешка околу 250 килограми.
- Повеќето читатели го губат интересот за читање на 18-тата страница.
Извор:
Magazin.novosti.rs
Фото: Freepik