Ричард Бах: Ослободете место во животот за човек што е важен за Вас

Ричард Бах: Ослободете место во животот за човек што е важен за Вас

Подготвил: М.Д.

Ричард Дејвид Бах е најпознат по филозофскиот роман „Галебот Џонатан Ливингстон“ и романот „Илузија: авантите на колебливиот Месија“. Книгите на поранешниот пилот се проткаени со мудрост, романтизам и страст за летање.

Сѐ додека не ослободите место во животот за важен за Вас човек, за самиот себе, секогаш ќе барате и ќе губите.

Лошите работи не се најлошото нешто што може да ни се случи. Ништо – е најлошата работа што може да ни се случи.

Ако Вашата среќа зависи од нечии постапки, тогаш мислам дека имате проблем.

За да живеете слободно и среќно, морате да ја жртвувате досадата. Ова не е секогаш лесна жртва.

Животот не бара да бидеш доследен, жесток, трпелив, внимателен, рационален, полн со љубов. Меѓутоа, тој бара да се освестиш од последиците на секој свој избор.

Ако сакаш некој да остане во твојот живот, никогаш не однесувај се кој него рамнодушно.

Дали некогаш си почувствувал дека ти недостига тоа што никогаш не си го сретнал?

Чувството на вина е тензија која ја чувствуваш кога сакаш да го промениш своето минато, сегашноста или иднината заради некој друг. Но всушност тоа е твој напор. Можеш да се ослободиш од него.