Oд неуспешен студент до милијардер - Како Ричард Бренсон станал успешен претприемач?

Oд неуспешен студент до милијардер - Како Ричард Бренсон станал успешен претприемач?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Како тинејџер, Ричард Бренсон никогаш не замислувал дека ќе биде еден од најуспешните луѓе.

- Ме сметаа за најглупавата личност во светот. Идејата дека ќе бидам успешен никогаш не ми ни помина низ главата - вели тој.

Како млад студент, Бренсон се борел со дислексија. Тешко му било да ги следи часовите. Но она што го сметал за слабост станало извор на сила.

- Она што е интересно за луѓето со дислексија е дека тие често можат да бидат успешни во она што го сакаат и она за кое имаат страст. А јас имам страст за прилично многу работи - раскажува тој, па така, страстите што ги имал ги претворил во бизнис-империја, преземајќи голем број ризици.

Глас за младите луѓе

Првиот бизнис на Бренсон бил магазин за младите луѓе наречен „Студент“. Имал 15 години кога го започнал и се откажал од училиштето за да разговара со луѓето низ светот и да научи што се случува.

- Чувствував дека можам да почнам да создавам работи што ќе направат разлика во светот - вели тој. За магазинот да издржи финансиски, Бренсон почнал да продава плочи преку е-пошта. На крајот магазинот доживеал неуспех, но е-услугата со плочите се претворила во нешто огромно: „Вирџин рекордс“.

По овој бизнис и откако отворил продавница, Бренсон започнал бренд за да му помогне да поддржи артист во кој верувал, Мајк Олдфилд.

- Отидов во седум компании и ниту една не ја прифати песната. Затоа формирав мала компанија - вели Бренсон. И ризикот се исплатил.

- Продадов милиони албуми - се сеќава Бренсон.

По Олдфилд, Бренсон продолжил да склучува договори со бендови што никој не ги сакал, вклучувајќи ги и „Ролинг стоунс“, „Секс пистолс“, и Џенет Џексон.

Во 1984 година, по еднодецениско работење во музичката индустрија, Бренсон ја лансирал авиолинијата „Вирџин Атлантик“.

Низ годините семејството „Вирџин“ се проширило на глобално ниво, па така биле создадени „Вирџин Америка“ и „Вирџин Австралија“. А со „Вирџин галаткик“ Бренсон ги насочи целите кон комерцијални вселенски патувања.

Неуспеси на патот кон успехот


Бренсон се соочил со многу неуспеси. Во 1994 година „Вирџин груп“ ја претстави „вирџин кола“.

- Објавувањето војна на „Кока-Кола“ беше лудило. Сметам дека подвигот со пијалакот беше една од најголемите грешки што некогаш сме ги направиле. Едноставно, „вирџин кола“ не беше доволно различен пијалак. Сега, „Вирџин“ влегува во индустријата само кога на потрошувачите им нудиме нешто сосема поинакво што ќе го руши пазарот - вели тој.

На неуспесите не гледа како на лоша работа.

- Неуспехот е одличен начин на учење. Како претприемач, ако не преземате ризици, никогаш нема да постигнете ништо. Тоа го научив на потешкиот начин - вели тој и додава дека порадо би му дал шанса на нешто отколку воопшто да не се обиде.

- Ако дадеш шанса на нешто и тоа не функционира, тоа не значи дека не си успеал. Тоа значи дека само што си научил некаква лекција - вели тој.