Не е добро да пиете кафе веднаш штом ќе се разбудите
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Ако сте зависни од кафето, не сте единствени. Сите го сакаме, сите го консумираме и сметаме дека ако не се напиеме веднаш штом ќе се разбудиме, нема да се чувствуваме добро во текот на денот.
Анализа на 127 научни студии ги истакнува многуте придобивки од пиењето кафе, од подолг просечен животен век до намален ризик за рак, срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и Паркинсонова болест. Но, единствениот проблем е што придобивките од кафето можат да се намалат во зависност од периодот од денот кога го пиете. Во основа, науката ни кажува дека најдобро би било да пиете кафе кога нивото на кортизол во вашето тело е ниско - бидејќи и кофеинот и кортизолот му предизвикуваат стрес на телото, а премногу стрес е лошо за вашето здравје. Покрај тоа, може да бидете поуморни.
Кортизолот, хормонот за стрес, се ослободува во согласност со вашите деноноќни ритми. Ова варира од личност до личност, но генерално некој што се буди во 6 часот и 30 минути има највисоко ниво на кортизол во различно време - 8 до 9 часот наутро, 13 часот и од 17 часот и 30 минути до 18 часот и 30 минути. Некој што се буди во 10 часот наутро ќе има највисоко ниво на кортизол три часа подоцна, а истото важи и за ранобудниците.
Овие нивоа на кортизол почнуваат да се зголемуваат веднаш штом ќе станете и ќе почнете да се движите, па затоа не е идеално време да пиете кафе. Ниту попладнето, бидејќи вечерта не ќе можете да заспиете. Ова значи дека луѓето што се будат во 6 часот и 30 минути треба да се напијат кафе откако ќе намали нивото на кортизол - помеѓу 9 часот и 30 минути и 11 часот и 30 минути, доколку сакаат да го искористат кофеинот.
Едноставно кажано, средината на утрото или раното попладне е најдобриот период за
кафе. Тогаш нивоата на кортизол се најниски и ќе имате корист од самиот стимуланс.