Виолончелистка им свири на тешко болни луѓе за да им ја ублажи болката

Виолончелистка им свири на тешко болни луѓе за да им ја ублажи болката

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Клер Оперт, виолончелистка од Париз, со помош на музика им ја ублажува болката на тешко болните луѓе во дом за стари лица.

Секој петок, 55-годишната музичарка, која студирала на Конзерваториумот во Москва, доаѓа во старскиот дом за со својот талент да им го олесни денот на оние што се борат со физичка болка и неизлечиви болести.

Мишелин Леру, која боледува од терминална форма на рак, вели дека чувствува болка цело време, но се чини дека музиката ја ублажува болката бидејќи таа се фокусира на нотите и спонтано престанува да размислува за болката.

Персоналот од домот за стари лица тврди дека музиката навистина има терапевтски ефект врз пациентите затоа што кога Клер ќе си замине, тие се помирни и посреќни.

- Откако ќе си замине Клер, пациентите се во посмирена состојба, понекогаш трогнати од музиката, а понекогаш среќни. Има и моменти на солзи и моменти на радост -  вели Маргарита Салдана, негувателка.

Клер одлучила да учествува во медицинско истражување што ќе ја потврди оваа теза.


Извор: Reuters
Фото: Screenshot/YouTube