Хотел во Данска што ги приближува луѓето до природата
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Совршеното бегство е една од оние работи за кои сите сонуваме, без оглед дали ќе биде егзотично одморалиште или кампување покрај езерото. А, ако шумата звучи како најдобриот одмор за вас, тогаш Расмус Лубек го има совршеното место за вас.
Следејќи го неговиот сон да ги приближи луѓето до природата, Расмус одлучил да го создаде „Ловтаг“ (дански збор за крошна), прекрасна дестинација опкружена со прекрасната природа на Данска во близина на фјордот Мариагер на полуостровот Алс Оде.
Досега е изградена само една од деветте планирани куќи, а архитектот за овие минималистички дрвени кабини е Сигруд Ласрен.
Еден од најдобрите еколошки аспекти на овој проект е тоа што ниту едно дрво нема да биде оштетено или отстрането во текот на изградбата. Наместо тоа, куќичките се дизајнирани на таков начин што дрвото може да си расте низ нив. Првата куќарка е изградена околу бор, додека втората и третата се планира да се изградат околу дабово и буково дрво.
Куќарките се на висина од 6 до 8 метри, а до нив можете да се искачите со дрвен мост. Куќата ја држат метални греди и има големи прозорци на југ и запад за да овозможи многу природна светлина.
Кабината е 31 метар квадратен и вклучува две соби за спиење, кујна, дневна и трпезарија, пристап до тераса на покрив и бања што се наоѓа на отворено. Куќичката има вода, електрична енергија и внатрешен водовод.