Фотографиите од оваа магична шума ја нагласуваат убавината на промената

Фотографиите од оваа магична шума ја нагласуваат убавината на промената

Подготвил: Тамара Гроздановски

Фотографот на пејзажи Алберт Дрос секогаш наоѓал инспирација во шумите. Низ годините, тој сфатил дека овие области се фантастична муза. Шумата близу неговиот дом постојано се менува и се развива, и токму поради тоа го привлекува повторно и повторно. Всушност, тој ја посетувал толку често што почнал да фотографира едно исто место во различни периоди од годината.


Преку различно осветлување и различни агли, Дрос ја користи неговата креативност за да демонстрира како се менува шумата во зависност од годишното време. Додека огнените црвени лисја создаваат прекрасни бои во текот на есента, прекрасната снежна шума е подеднакво привлечна.

Дрос постојано се враќа за да види како се трансформира шумата. Тој дури и забележал дека за време на истото годишно време, истото место може да изгледа драматично различно благодарение на малите промени - како што е на пример бојата на лисјата.

Неговата работа е доказ дека не е потребно да патувате на далечни локации за да направите незаборавни фотографии. Важно е да имате отворен ум за било каква инспирација што ќе ви дојде на памет.


Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram