Сонот е клучен за успехот. Колку спијат успешните луѓе како Гејтс, Безос и Бафет
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Во современиот деловен јазик, ретко можете да слушнете фрази како: „Ќе ти се јавам откако ќе дремнам“ или „Денес цел ден ќе спијам“:
Очекуваме да слушнеме енергични зборови што доаѓаат од устата на големите претприемачи.
Но, квалитетниот сон навечер е токму она што експретите препорачуваат за успех. Недостатокот на сонот ја нарушува најважната вештина на претприемачот: донесување одлуки. Исто така, може да ги наруши меморијата и фокусот.
Компанијата „Онлајн метрес ривју“ нарачала истражување за начините на спиење на најуспешните луѓе на денешницата - не само претприемачи туку и политичари, писатели, спортисти и изведувачи.
И додека повеќето од вас очекуваат истражувањето да биде пристрасно во корист на „повеќе сон“ (и повеќе душеци), визуализациите на податоците покажуваат различни рутини на спиење кај богатите и славните.
Сепак, се појавува посуптилна шема кога поблиску ќе ги погледнете податоците. Постојат луѓе кои едвај ставаат глава на перница, но најбалансирате личности, најпознатите восхитувачки успешни приказни, внимаваат како и кога спијат; и тоа може да ги подобри вашите изгледи за подобра рутина во спиењето.
Истражувањето открило:
- Марк Закерберг работи долги часови, до доцна во ноќта на „Фејсбук“ (за да остави дел од денот слободен за да го помине со семејството и пријателите). Си легнува во 3 часот наутро, спие до 8 часот наутро што значи, има околу 5 часа сон.
- Илон Маск е зависен од работа и признава дека работи 120 часа во неделата. Тој чита пред да си легне. Си легнува во 1 часот наутро и спие до 7 часот наутро, што се 6 часа сон.
- Џеф Безос спие 7-8 часа. - Му давам приоритет на сонот. Така подобро размислувам и имам повеќе енергија. Моето расположение е подобро - вели Безос. Безос неговиот добар сон го поврзува со неговиот капацитет да донесува паметни одлуки.
- Доналд Трамп, третата најмоќна личност во светот, спие најкратко - околу три часа.
Фото: Freepik
- НЛБ-играчот Том Брејди, како и кошаркарот Стивен Кари спијат по девет часа навечер.
- Бил Гејтс чита еден час пред да си легне за да си го подобри сонот, а легнува околу полноќ и спие седум часа.
- Ворен Бафет е голем обожавател на книгите и чита пред да спие, а друга работа што обажава да ја прави освен читањето е спиењето - спие осум или повеќе часа.
Очигледно е дека разумниот начин на спиење - вклучувајќи ја и рутината пред спиење што ви одговара, е најдобриот пристап за стабилна, сигурна и профитабилна шема на работа. Секако, тука исклучок се Трамп и Маск: иако може да научите нешто од нив за бизнис, но сигурно не за начинот на спиење.
Наместо тоа, погледнете ги шемите на другите успешни луѓе и видете чии идеи можете да ги поврзете со она што вам ќе ви одговара.
И запомнете, како што еднаш Бил Гејтс рече:
- Иако е забавно да се остане буден цела ноќ, ако треба да бидам креативен, потребни ми се седум часа. Можам да одржам говор без многу сон, можам да работам делови од мојата работа ако немам сон, но ако треба да размислувам креативно, не сум многу добар без
7-часовен сон.
ТУКА можете да го погледнете целото истражување.
Фото: Freepik