Жената од фотографијата „Напалм девојче“ го направи последниот третман против изгореници, 50 години подоцна

Жената од фотографијата „Напалм девојче“ го направи последниот третман против изгореници, 50 години подоцна

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Симболот на Виетнамската војна е фотографијата под наслов „Теророт на војната“ за која фоторепортерот Ник Ут доби Пулицерова награда. Попозната како „Напалм девојче“, ужасната фотографија прикажува 9-годишно девојче кое трча голо по нападот со напалм-бомба во Виетнам, на 8 јуни 1972 година.

Девојката од фотографијата, сега 50-годишна жена, е Ким Фук Фан Ти. Како резултат на нападот, Ким Фук се здобила со тешки повреди, но пет децении подоцна конечно го добила последниот третман.

Фотографијата ги прикажува злосторствата на војната. Се гледа како Ким Фук вреска и излегува од огнот, а нејзината облека изгорела.

- Сѐ уште се сеќавам на мојата рака и на целиот оган. Бев преплашена. Му се заблагодарив на Бога што не ми изгореа нозете и што можев да избегам од огнот. Продолживме да трчаме, да трчаме. Извикав: „Премногу жешко! Премногу жешко“. Војниците се обидоа да ни помогнат. Се обидоа да ме полеат со вода. Во тој момент ја изгубив свеста - раскажува таа.

napalm
Фото: Instagram

Фотографот е тој што на крајот ја спасил.

- Откако ја направи фотографијата, ме виде колку силно горам. Ја спушти камерата и ме однесе во најблиската болница. Ми го спаси животот. Му должам. Тој е мојот херој. Не само што ја вршеше својата работа како фотограф, туку и како човечко суштество. Чувствувам како да е дел од моето семејство. Затоа го нарекувам чичко Ут - вели таа.

По нападот, Ким Фук поминала 14 месеци во болница.

napalm
Фото: Instagram

- Бев навистина деформирана. Ништо не чувствував, а машината мораше да ми помогне и да ги разбудат моите нерви. Сега гледате дека изгледам нормално - вели Ким.

Ова кулминирало со 12. и последен круг на ласерски третман во Институтот за дерматологија и ласер во Мајами. Таа сè уште страда од болки од тој ужасен ден, но третманот - извршен на нејзиниот изгорен грб - помогнал да залекува некои од нејзините физички лузни.

- Сакам сите да го слават мојот живот, 50 години подоцна. Веќе не сум жртва на војната. Преживеана сум. Пред 50 години бев жртва на војната, но 50 години подоцна јас сум пријателка, помошничка, мајка, баба и преживеана која повикува на мир - вели таа.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram