Последици од задолжителната дистанца преку искуства на родители и експерти
Социјалната и физичката дистанца изминативе месеци суптилно оставија траги врз сè, па и врз детството.
Социјалната дистанца го забавува природниот развој на децата, велат психолозите. Ограничувањето на дружењето само со блиските членови на семејството ги збунува, го забавува нивниот развој, ја ограничува нивната потреба за истражување на светот на нивен начин. Помалите дури и не сфаќаат зошто не можат да се дружат со сите деца или своите другарчиња, ниту зошто не можат да ја бакнат баба си. Дури и може да се прашуваат што лошо направиле што другарчињата не се веќе блиски со нив, зошто не сакаат да се дружат со нив, и тоа може да им внесе страв на долгорочно ниво. Кога сè ќе се врати во ред, можно е децата да не можат да се вратат на исто. Особено кога станува збор за психичка блискост со блиските пријатели и роднини од кои биле одвоени.
Прочитајте повеќе на
Деца.мк