Пред да се пензионира, шефот им даде 12 милиони долари на вработените во знак на благодарност
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Кога една личност се пензионира по многу години служба, традиционално добива картичка или некој подарок од неговите колеги.
Оваа традиција целосно ја промени еден шеф на компанија во Велика Британија, кој на своите вработени им даде 12 милиони долари во знак на благодарност.
Дејвид Стивенс е главен извршен директор на „Адмирал“, успешна компанија за aвтомобилско осигурување со седиште во Велс. Тој го основал бизнисот заедно со неговата сопруга во 1991 година. Почнувајќи со тим од само 57 вработени, сега компанијата брои 7.500 вработени на југот од Велс и 3.000 во САД, Шпанија, Италија, Франција, Индија и Канада.
Вработените со полно работно време ќе добијат по 1.000 фунти, а вработените со скратено работно време по 635 долари.
- Ова е правилниот начин да му се заблагодарам на целиот персонал на „Адмирал“. Горди и среќни сме што работиме со овие луѓе - вели тој.
Поранешниот извршен директор и соосновач Хенри Енгелхард направи
сличен гест и обезбеди по 1.270 долари за вработените кога се пензионира во 2016 година, или околу 9,04 милиони долари.
Фото: Screenshot/YouTube