Спектакуларната поларна светлина: Финците уживаат во неа 200 ноќи во годината
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Од Лапонија, Финска, стигнаа спектакуларни сцени од поларната светлина. Финска е најдоброто место во светот за набљудување на овој природен феномен, кој во Лапонија може да се доживее 200 ноќи годишно.
Аурора бореалис се формира поради судир на различни честички на гас во атмосферата кога сончевиот ветер ќе достигне до Земјината магнетосфера.
Силите на магнетосферата ротираат дел од сончевиот ветар кон магнетните полови на Земјата. Поларната светлина се формира кога електроните на сончевиот ветер на надморска височина од 80 до 150 километри се судираат со атомите на горните слоеви на атмосферата.
Претставата со поларната светлина во
Финска траела со часови, воодушевувајќи ги мештаните и туристите. Крајот на септември е идеално време за набљудување на овој феномен.
Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фотографии: Instagram