Водич за небесни феномени во наредните три месеци: затемнување на Сонцето и метеорски дождови

Водич за небесни феномени во наредните три месеци: затемнување на Сонцето и метеорски дождови

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Почна новата сезона на „броење ѕвезди“ и се очекува да биде неверојатна. Рамноденицата во вторникот сигнализира почеток на есента на северната хемисфера, додека под екваторот сега е пролет.

Што ќе ни понуди ноќното небо во наредните три месеци?

Од три полни Месечини - една од нив сина полна Месечина, и суперсветла планета, до неколку волшебни метеорски дождови и затемнувања, ќе има што да се види во текот на наредниот период.

Ова е водич за набљудување на небото наредните три месеци:

Четврток, 1 октомври 2020 година: полна Месечина на жетвата


Во нашата земја Месечината ќе биде видлива на 1 октомври во 22:05 часот. Најдобро е да ја фатите тогаш кога се појавува Месечината.

Среда, 7 октомври 2020 година: метеорски дожд „Дракониди“


7 октомври е денот кога „Драконидите“ ќе го достигнат врвот. Станува збор за метеорски дожд што се јавува секоја година на овој датум од прашината и остатоците на кометата „21П/Џакобини-Зинер“. Очекувајте 10 ѕвезди што паѓаат на час.

sina mescina
Фото: Screenshot/YouTube

Вторник, 13 октомври 2020 година: Марс во опозиција


На овој датум Марс ќе го направи својот најблизок пристап до Земјата. Затоа, се чини дека е најголем, најсјаен и најдобар во годината - и технички е, од 2003 година. Овој период на опозиција, кога Црвената Планета е целосно осветлена од Сонцето, е најдоброто време да се набљудува и фотографира Марс до следната опозиција на 8 декември 2022 година.

Среда-четврток, 21-22 октомври: метеорски дожд „Ориониди“

„Мамурлак“ од последното патување во Сончевиот Систем од Халеевата комета, токму на 21 и 22 октомври. Дождот најдобро ќе се гледа на полноќ кога ќе бидат видливи на небото околу 20 метеори на час.

Сабота, 31 октомври 2020 година: полна сина Месечина


Втората полна Месечина ќе се случи на 31 октомври. Она што ја прави посебна е фактот дека последната сина Месечина се појави на небото во март 2018 година, а ова е првпат да се случува на 31 октомври во сите временски зони уште од 1944 година.

Понеделник-вторник, 16-17 ноември 2020 година: метеорски дожд „Леониди“


Околу 16 ѕвезди што паѓаат на час се очекуваат за време на метеорскиод дожд „Леоиниди“, што го должи своето постоење на кометата Темпел-Татл. Излезете надвор на полноќ за најдобро да го набљудувате метеорскиод дожд.

Понеделник, 14 декември 2020 година: метеорскиот дожд „Геминиди“ и целосно затемнување на Сонцето


Два од најголемите феномени на вселената ќе се случат за само неколку часа: годишниот метеорски дожд „Геминиди“ и целосно затемнување на Сонцето. Метеорскиот дожд ќе има 120 ѕвезди што паѓаат, што ќе го достигнат врвот по полноќ.

Понеделник, 21 декември 2020 година: Јупитер и Сатурн во конјункција на декемвриската краткоденица

Брилијантен начин да се стави крај на фантастичната година со прекрасно набљудување: најблиската конјункција на Јупитер и Сатурн во 397 години. И не само тоа, туку и суперблиското спарување на гасните џинови што ќе биде видливо веднаш по зајдисонце.

Извор: Forbes.com