Што ги тера луѓето да ги мачат и убиваат животните?

Што ги тера луѓето да ги мачат и убиваат животните?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Кога профилирањето на особини и карактери почна да се проучува и развива во 1970-тите, како дел од бихејвиоралниот пристап кон психотерапијата, едно од најконзистентните наоди пријавени од ФБИ, беше дека суровоста кон животните во детството било вообичаено однесување меѓу сериските убијци и силувачи подоцна во животот.

Суровоста и мачењето на животните е широко распространето во светот: Каква е врската со семејното насилство

Одвреме-навреме сме шокирани од веста дека некој малтретирал или убил беспомошно животно. На пример, неодамна Пол Роџерс од Глостершир бил осуден на 16 недели затвор откако признал дека го убил својот зајак во микробранова печка. Роџерс, човек со историја на проблеми со менталното здравје, тврдел дека го направил тоа затоа што бил лут што не му биле препишани лекови што сметал дека му се потребни.

Што обично тера некого да изврши намерни дејствија и дела на мачење и суровост кон животните?

Поединците кои го прават ова може да имаат различни причини или предизвикувачи: жртвување заради верски ритуал, психолошки нарушувања (антисоцијални/психопатски обрасци и растројства на личноста, што резултира со зоосадизам), но исто така имаат одредени сексуални нарушувања. Исто така, некои истражувања покажуваат дека во одредени околности, ваквите гестови се прават поради принуда, контрола и заплашување на жени и/или деца со цел да се премолчи семејната злоупотреба и семејното насилство.

Мачењето на животни како „предвесник“ за сериските убијци и силувачи

Суровоста кон животните од детството се појавува како вообичаено однесување кај подоцнежните сериски убијци и силувачи со психопатски особини (прекумерна импулсивност, нарцисоидност, недостаток на емпатија и каење).

Многу озлогласени сериски убијци започнале со мачење и убивање животни во нивното детство. На пример, Џефри Дамер, исто така, собирал животни кои биле убиени на патиштата, ги сецирал и мастурбирал над оние што ги искасапил. Други убијци за кои се знае дека биле сурови кон животните како деца се убиецот на деца Мери Бел, која задушувала гулаби; Роберт Томпсон, убиецот на Џејми Булгер, кој бил суров кон домашните миленици; Иан Брејди, убиец кој исто така малтретирал и убивал животни.

Што е „хомицидна тријада“ и како најчесто се манифестираат девијантните однесувања кај адолесцентите?

Мачењето и суровоста кон животните е едно од трите однесувања на адолесцентите во она што често се нарекува „Хомицидна тријада“. Останатите две се постојано мокрење во кревет и опсесивно палење оган. Некои криминолози и психолози веруваат дека комбинацијата на две или повеќе од овие однесувања, го зголемува ризикот од убиствено однесување подоцна во животот. Сепак, научните докази за ова тврдење се контроверзни.

Истражувањата покажале дека однесувањата во рамките на „Хомицидната тријада“ често се поврзуваат со родителска злоупотреба, родителска бруталност (сведочување на семејно насилство) и/или родителско запоставување.

Бројни криминолошки студии покажале дека околу една третина до половина од сите убијци кои исто така извршиле и сексуално насилство, злоупотребувале животни во детството и/или адолесценцијата. Навистина, забележуваат научниците, примероците во повеќето од овие објавени студии имаат тенденција да бидат релативно мали.

Сепак, повеќето истражувања објавуваат дека еден од најважните „предупредувачки знаци“ и фактори на ризик (особено поврзан со склоноста кон сексуално навредување) е суровоста кон животните, особено ако е придружена со сексуален интерес за животните. Други истражувачи шпекулирале дека зоосадистичките дејства кај адолесцентните мажи, може да бидат поврзани со проблеми со пубертетот и докажување на мажественост.

Клучната улога на родителите: Што е „мрачна тријада“?

Психолошките фактори поврзани со мачењето на животните се три специфични карактеристики на личноста: макијавелизам, нарцизам и психопатија (т.н. „мрачна тријада“).

Студијата од 2013 година на д-р Филип Каванаг ја испитувала врската помеѓу трите особини на личноста од „мрачната тријада“ и ставовите кон злоупотребата и суровоста на животните. Се покажало дека психопатијата е поврзана со намерно повредување или тортура на животни, како и со комбиниран резултат од сите црти на „мрачната тријада“ во овие примери.

Имајќи предвид дека повеќето деца учат асоцијално однесување од оние околу нив, најдобриот начин да се спречи таквото однесување е да се учи со пример. Родителите се клучни. Просоцијалното однесување на родителите и другите модели на улоги кон животните, како и третирањето на домашните миленици како членови на семејството, може да има позитивно и трајно влијание врз децата.
Кога почна да се проучува профилирањето на особини и карактери, во 70-тите години на минатиот век, како дел од бихевиоралниот пристап кон психотерапијата, еден од најконзистентните наоди пријавени од ФБИ беше дека суровоста кон животните во детството е вообичаено однесување на сериските убијци и силувачи.

Суровоста и мачењето на животните е многу распространето во светот: Каква е врската со семејното насилство


Одвреме-навреме се шокираме од веста дека некој малтретирал или убил беспомошно животно. На пример, неодамна Пол Роџерс од Глостершир бил осуден на 16 недели затвор откако признал дека го убил својот зајак во микробранова печка. Роџерс, човек со историја на проблеми со менталното здравје, тврдел дека го направил тоа затоа што бил лут што не му биле препишани лекови што сметал дека му се потребни.

Што го тера човекот намерно да мачи животни?


Луѓето што го прават ова може да имаат различни причини или предизвикувачи: жртвување заради верски ритуал, психолошки нарушувања (антисоцијални/психопатски обрасци и растројства на личноста, што резултира со зоосадизам), но исто така имаат одредени сексуални нарушувања. Некои истражувања покажуваат дека во одредени околности ваквите гестови се прават поради принуда, контрола и заплашување на жени и/или деца со цел да се премолчи семејната злоупотреба и семејното насилство.

Мачењето на животни како „предвесник“ за сериските убијци и силувачи


Суровоста кон животните во детството се појавува како вообичаено однесување кај подоцнежните сериски убијци и силувачи со психопатски особини (прекумерна импулсивност, нарцисоидност, недостиг на емпатија и каење).

Многу озлогласени сериски убијци започнале со мачење и убивање животни во нивното детство. На пример, Џефри Дамер собирал животни кои биле убиени на патиштата, ги сецирал и мастурбирал над оние што ги искасапил. Други убијци за кои се знае дека биле сурови кон животните како деца се убиецот на деца Мери Бел, која задушувала гулаби; Роберт Томпсон, убиецот на Џејми Булгер, кој бил суров кон домашните миленици; Иан Брејди, убиец кој исто така малтретирал и убивал животни.

Што е „хомицидна тријада“ и како најчесто се манифестираат девијантните однесувања кај адолесцентите?

Мачењето и суровоста кон животните е едно од трите однесувања на адолесцентите во она што често се нарекува „хомицидна тријада“. Преостанатите се постојано мокрење во кревет и опсесивно палење оган. Некои криминолози и психолози веруваат дека комбинацијата на две или повеќе од овие однесувања го зголемува ризикот за вршење убиства подоцна во животот. Сепак, научните докази за ова тврдење се контроверзни.

Истражувањата покажале дека однесувањата во рамките на „хомицидната тријада“ често се поврзуваат со родителска злоупотреба, родителска бруталност (сведочење на семејно насилство) и/или родителско запоставување.

Повеќето истражувања објавуваат дека еден од најважните „предупредувачки знаци“ и ризик-фактори (особено поврзан со склоноста кон сексуално навредување) е суровоста кон животните, особено ако е придружена со сексуален интерес за животните. Други истражувачи шпекулирале дека зоосадистичките дејства кај адолесцентните мажи може да бидат поврзани со проблеми со пубертетот и докажување мажественост.

Клучната улога на родителите: Што е „мрачна тријада“?

Психолошките фактори поврзани со мачењето на животните се три специфични карактеристики на личноста: макијавелизам, нарцизам и психопатија (т.н. „мрачна тријада“).

Студијата на д-р Филип Каванаг од 2013 година ја испитувала врската помеѓу трите особини на личноста од „мрачната тријада“ и ставовите кон злоупотребата и суровоста на животните. Се покажало дека психопатијата е поврзана со намерно повредување или тортура на животни, како и со комбиниран резултат од сите црти на „мрачната тријада“ во овие примери.

Имајќи предвид дека повеќето деца учат асоцијално однесување од оние околу нив, најдобриот начин да се спречи таквото однесување е да се учи со пример. Родителите се клучни. Просоцијалното однесување на родителите и третирањето на домашните миленици како членови на семејството може да имаат позитивно  влијание врз децата.

Извор: eklinika.telegraf.rs

Фото: Freepik