„Орео“ изгради бункер отпорен на астероид и го наполни со колачиња и млеко во прав
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Колачињата „Орео“ ќе ја преживеат апокалипсата.
Заканата од астероид за Земјата и предизвикувањето глобална катастрофа инспирира неколку групи да создадат бункери што не само што ќе ги заштитат луѓето туку и ќе овозможат опстанок на одредени растенија и животните. Сега производителите на „Орео“ се осигурија и популарните колачиња да ги преживеат сите можни удари од астероид.
На видеото објавено на јутјуб-страницата на „Орео“ од компанијата велат дека биле инспирирани од Глобалниот трезор на семето во Свалбард, Норвешка. Според веб-страницата на трезорот, станува збор за објект за складирање разни семиња, изграден да издржи и природни и вештачки несреќи. Објектот се наоѓа над пермафростот, во Арктичкиот круг.
Трезорот е создаден поради астероидот 2018/ВП1, кој има мала шанса да ја погоди Земјата на 2 ноември. Иако е мала веројатноста астероидот да преживее кога ќе влезе во атмосферата, „Орео“ не сака да остави ништо на случајноста.
На својот твитер-профил компанијата објаснува како ги штити
колачињата. Според една објава, секое колаче е завиткано во заштитна хартија и може да издржи температура од -62 до -184 Целзиусови степени.
„Орео“ објаснува дека трезорот содржи и шишенца млеко во прав и ги обезбеди координатите на трезорот: 78°08'58.1"N, 16°01'59.7"E, кој е во близина на Глобалниот трезор на семето во Свалбард. Според производителот на колачињата, на вратата има кодирана брава за да се зачува содржината.
Извор:
Foxnews.com
Фото: Screenshot/YouTube