Објавена листа со места каде што живеат најљубезните луѓе во Европа

Објавена листа со места каде што живеат најљубезните луѓе во Европа

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Магазинот за патувања „Конде наст травелер“ објави листа со места со најљубезни и најнасмеани луѓе во Европа, а за тоа одлучија гласовите на нивните читатели.

- Луѓето се тие што ги прават местата подобри, а европските градови се дом на едни од најљубезните жители во светот - се вели во текстот.

Магазинот наведе десет најсрдечни градови. На првото место се најде италијанскиот град Сиена.

- Има многу кафулиња, семејни ресторани, а градот е познат по Палио - коњска трка без седла која се одржува секое лето на „Пјаца дел Кампо“ - пишува магазинот. Се разбира, локалните жители се познати по нивното гостопримство.

даблин
Фото: Freepik

На второто место се најде ирскиот град Корк.

- Ова место има одличен карактер, возбудлива кулинарска сцена, изобилство од кафулиња, музеи и легендарен пазар за храна - пишува магазинот.

Во продолжение е целата листа.

10. Љубљана, Словенија
9. Букурешт, Романија
8. Дубровник, Хрватска
7. Сан Себастијан, Шпанија
6. Малага, Шпанија
5. Белград, Србија
4. Хелсинки, Финска
3. Даблин, Ирска
2. Корк, Ирска
1. Сиена, Италија