Креативен начин на кој жителите на едно јапонско село ги оживуваат празните улици
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Во малото јапонско село Ичиноно, дом на помалку од 60 жители и само едно дете, жителите се соочуваат со предизвиците што ги носи демографскиот пад.
За да создадат илузија на шарено општество, тие одлучиле да користат кукли кои ги облекуваат во различна облека и ги поставуваат низ целото село. Куклите се поставени на лулашки и велосипеди со надеж дека ќе оживее атмосферата во заедницата.
- Се надевам дека ние сме помногубројни од куклите - се шегува 88-годишната Хисајо Јамазаки, која е сведок на промените во селото во кое живее.
Постарите жители имале деца, но ги охрабриле да одат на факултет надвор од селото плашејќи се за нивната иднина.
- Се плашевме дека ќе останат немажени или неженети ако останат овде - додава таа.
За жал, децата си заминаа и не се вратија бидејќи се вработија во големите градови. Сега селото се соочува со сериозни проблеми.
- Ако ситуацијата во селото не се промени, единственото нешто со кое ќе се соочиме е изумирањето - вели 74-годишниот лидер на локалната власт, Ичиро Савајама.
Селото Ичиноно е само едно од 20.000 јапонски заедници кои се соочуваат со слични проблеми, каде што мнозинството жители се над 65 години.
Јапонија, која не дозволува имиграција, има втора најстара популација во светот.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Inida Today/
Facebook