Поминал 3 минути во најгласната соба на светот и за малку ќе полудел: Дали вие би престојувале таму?

Поминал 3 минути во најгласната соба на светот и за малку ќе полудел: Дали вие би престојувале таму?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Неодамна на интернет се појави вест за американскиот морнар Ник Хер кој престојувал во „најтивката соба на светот“, како дел од истражување на лабораторијата „Орфилд“ во Минеаполис. Тој издржал повеќе од еден час во комора која апсорбира 99,99 отсто од звуците и го опиша бизарното искуство.

На Хер му бил потребен мир, па се согласил да го направи необичниот експеримент. Прилично сме сигурни дека никогаш не би му паднало на памет да тргне во друга насока и да ја посети просторијата што е целосна спротивност на најтивката соба.

За што станува збор?

Во истата лабораторија во Минеаполис се наоѓа и „најгласната соба“, која јутјуберот Рајан Трахан решил да ја тестира.

И додека најтивката соба ќе ве шокира поради целосниот недостиг на звук, најгласната соба е толку гласна што ќе сакате веднаш да избегате.

- Во оваа комора добивате приближно 100 отсто рефлексија на звукот. Нивото на бучава е исто каде и да застанете. Колку погласно зборувате, толку полошо станува - објаснува креаторот Стив Орфилд.

„Сензорно оптоварување“


Креаторот Стив му предложи на јутјуберот Рајан да пушта класична музика додека е во собата и да види колку време е потребно за нивото на бучава да стане непријатно.

Уште по првата минута на Рајан му станало непријатно, па почнал нервозно да шета низ собата, покривајќи ги ушите со рацете. Едноставно, „сензорното оптоварување“ било преголемо и физички неподносливо.

Затоа, по три минути и 37 секунди извикал дека веќе не може и излегол надвор. Размислувајќи за непријатното искуство, тој истакнува дека не може да остане „смирен“ поради нивото на бучава (120 децибели).



Извор: Telegraf.rs
Фото: Screenshot/YouTube