Турски универзитет им испратил огледала на студентите за да не мамат на испитите
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Универзитет во Турција практикува необичен метод за спречување на мамењето на испитите од страна на студентите за време на пандемијата.
Универзитетот „Билкент“ во Анкара им испратил на сите студенти огледала со средна големина кои треба да ги постават зад себе додека полагаат испити преку интернет. Целта на огледалото е да се види дали студентите имаат некакви белешки на нивните екрани или нешто друго со кое би мамеле за време на полагањето.
Директорот Абдула Аталар изјавил за „ТРТ ворлд“ дека огледалата имаат цел да ги осигурат професорите дека студентите ги имаат само прашањата на нивниот екран додека полагаат.
- Ова не е затоа што мислиме дека нашите студенти мамат. Ова е само мерка на претпазливост што ја преземаме - вели Аталар.
Според него, оваа техника ја користи „Гугл“ за време на
интервјуата за работа и станува збор за ефикасен метод кој е евтин бидејќи огледалата не чинат многу.
Студентите на универзитетот мораат и да потпишат изјава дека нема да мамат на испитите.
Автор: Лукиа Пападопулос
Извор:
interestingengineering.com
Фото: Twitter