Како правилно се носи хируршка маска за заштита од вируси?

Како правилно се носи хируршка маска за заштита од вируси?

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во време кога целиот свет стравува од коронавирусот, сите воведуваат мерки на претпазливост, а на социјалните медиуми се споделуваат и едукативни видеа за заштита од него.

Во едно такво видео Сето Винг Хонг од СЗО објаснува како правилно се става хируршка маска, за која тој вели дека функционира.

Како прво, мора да имате соодветна маска. Маската што тој ја покажува е сина од надворешната страна затоа што е водоотпорна. Од внатрешната страна, пак, е бела зашто е апсорбирачка. Тоа значи дека ако лицето што ја носи кашла, маската ќе апсорбира.

Најважно е сината страна да биде однадвор, а белата однатре. На горниот дел од маската треба да има растеглива лента, кој треба да ја притиснете на носот и потоа долниот дел од маската да го повлечете до подбрадокот. Тоа е многу важно за да не ви падне маската под носот.

Исто така, Хонг објаснува дека не треба да се симнува маската под подбрадокот додека сè уште е закачена на ушите. Тоа е сосема погрешно и отстранувањето на маската исто така е многу важно.

- Штом еднаш ќе ја носите маската, треба да ја сметате за валкана и треба да ја извадите без да ја допирате внатрешната страна и да ја фрлите - вели Хонг и додава дека потоа треба да ги измиете рацете.

Погледнете го видеото.