„Часовникот на Судниот ден“ повторно на 100 секунди до полноќ

„Часовникот на Судниот ден“ повторно на 100 секунди до полноќ

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во средата Билтенот на нуклеарни научници откри дека ќе го задржи „Часовникот на судниот ден“ на исто време како и во 2020 година. Минатата година научниците го поместија од две минути до полноќ часовникот на 100 секунди до полноќ. По ужасната 2020 година часовникот останува на тоа време.

- Смртоносната и застрашувачка пандемија на Ковид-19 служи како историски повик за будење, живописна илустрација дека националните влади и меѓународните организации не се подготвени да се справат со закани што може да ѝ стават крај на цивилизацијата, како нуклеарни оружја и климатски промени - изјавила Рејчел Бронсон, претседателка на Билтенот за нуклеарни научници.



Непрофитниот Билтен на нуклеарни научници бил основан во 40-тите години на минатиот век од страна на научници што биле загрижени од создавањето на нуклеарното оружје. Часовникот претставува индикатор за светските закани од нуклеарно оружје, климатски промени и штетни технологии во други домени.

Последнава деценија часовникот најчесто бил поместуван кон полноќ, но не секогаш. Кога бил претставен во 1947, тој бил поставен на седум минути до полноќ. Во 1991 бил на 17 минути до полноќ.



Автор: Аманда Кусер
Извор: cnet.com
Фото: Screenshot/Instagram