Инвеститори му дале милиони долари за компанија за вештачка интелигенција, а тој ги потрошил на луксуз!

Инвеститори му дале милиони долари за компанија за вештачка интелигенција, а тој ги потрошил на луксуз!

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Поранешен извршен директор на компанијата за чет-ботови „Он“, која собрала 125 милиони долари од инвеститори на ризичен капитал, сега е обвинет за интернет-измама заедно со неговата сопруга.

Алекс Бекман, основач и поранешен директор на стартапот „Он“, кој добил финансиска поддршка од спортски ѕвезди и големи инвеститори, сега се соочува со обвиненија за масовна финансиска измама. Властите тврдат дека тој и неговата сопруга Валери Лау Бекман незаконски пренасочиле повеќе од 4 милиони долари за лични трошоци, вклучувајќи недвижности, приватни училишта и луксузен начин на живот.

Стартапот, проценет на 260 милиони долари, ветувал револуција во корисничката поддршка со помош на вештачка интелигенција, но реалноста била сосема поинаква. Наместо очекуваните 11 милиони долари на сметката на компанијата, останале само 0,37 долари!

Ваквите шеми ги загрозуваат финансиските пазари и ги мамат инвеститорите

Во јули 2024 година Валери Лау испратила лажна финансиска изјава до банката, тврдејќи дека компанијата има над 13 милиони долари, додека вистинскиот износ бил само 25,93 долари. По спроведената внатрешна истрага, инвеститорите го откриле финансискиот хаос, а Бекман бил отстранет од позицијата извршен директор.

Парот беше уапсен во четвртокот и првпат се појави пред судот во Сан Франциско. Федералните обвинители рекоа дека оваа измама е дрска и штетна за финансискиот систем, нагласувајќи дека ваквите скандали ја загрозуваат довербата во технолошките инвестиции.

- Заливската област е дом на неверојатни инвестиции и вредни претприемачи, но иновациите не можат да напредуваат преку измами. Ваквите шеми ги загрозуваат нашите финансиски пазари и ги мамат инвеститорите - изјави федералниот обвинител Патрик Д. Робинс.

Извор: Forbes.n1info.hr
Фото: Freepik