Земјината кора се лупи длабоко под Калифорнија, сметаат научниците
Како молец во кожурец, метаморфозата на Земјината кора е скриена од погледот на научниците, па тие речиси погодуваат како се одвива тој процес долг со векови.
Користејќи сеизмички податоци речиси 4 децении, од станиците што ги опфаќаат северните, централните и јужните делови на Сиера Невада покрај источната граница на Калифорнија, геолозите откриле знаци на критично одвојување помеѓу студената континентална кора и обвивката подолу (раслојување).
Наодите, направени од истражувачите Вера Шулте-Пелкум од Универзитетот „Колорадо Болдер“ и Дебора Килб од Универзитетот во Сан Диего, Калифорнија, помагаат да се реши збунувачката мистерија за тоа на кој начин нашата планета создава полесни делови од својата кора, користејќи ја густата мешавина на минерали кои се разгоруваат под нејзината обвивка.
Благодарение на нивните релативно повисоки пропорции на минерали кои вклучуваат силикати, алуминиум и калиум, парчињата карпи на кои живееме обично се издигнуваат малку повисоко од потопените парчиња од океанската кора, кои обично се збогатени со потешки елементи, како што се железо и магнезиум.
Како се формираат овие материјали и зошто се толку различни, е тековно прашање што истражувачите полека го одгатнуваат. Потешките елементи во океанската кора се дел од базалтниот рецепт пронајден во горната обвивка, што значи дека составот на континенталната кора би можел да биде резултат на погустите компоненти што се одвојуваат од мешавината.
Еден начин на кој тоа може да се случи е преку густиот базалт кој се топи додека е влажен и е под голем притисок, дозволувајќи им на минералите да се разделат на релативно различни делови. Бидејќи е толку тежок, долниот слој може потоа да се „излупи“ и полека да потоне во циркулирачките струи на стопената карпа, сочинувајќи го остатокот од мантијата (слојот над јадрото).
Тоа е привлечна хипотеза за која требаат цврсти докази, па Шулте-Пелкум и Килб се упатиле на локација за која имало сомнение дека постојано е лишена од тешките магматски корени.
Сиера Невада е во сеизмички активен регион што им овозможува на истражувачите да ги искористат брзината и рефлексијата на брановите од постојаните мали потреси за да ги „мапираат“ длабочините под планинскиот венец. Сигналите од овие бранови, заедно со примерите на минерални фрагменти од еден вид, обвиени во карпи од друг вид, придонесоа некои геолози да сметаат дека регионот доживеал раслојување (одвојување на слоевите) во минатото.
За жал, истите индиции може да се толкуваат како остатоци од долго закопана плоча од кора, па ќе бидат потребни дополнителни анализи за да се разјаснат сеизмичките аномалии во регионот.
Споредбите помеѓу сеизмичките збирки на податоци, што ги претставуваат различните длабочини помеѓу Сиера Невада, потврдиле огромна зона на смолкнување под јужните и централните области на длабочините, кои се наоѓаат блиску до границата на Земјината обвивка. Оваа зона станува сè поизразена кон југот на планинскиот венец.
- Смолкнувањето е во согласност со отстранувањето на литосферата од запад кон југозапад - пишуваат истражувачите во нивниот труд, потврдувајќи ги теориите дека тешката основа на кората од Калифорнија тоне во текот на милиони години, „ослободувајќи се“ во распон од стотици километри - во процес кој може да се отслика во слични делови низ целиот свет.
Она што го гледаме над површината - од издигнувањето и паѓањето на планините, до тонењето на огромни басени, па до појавата на цели континенти - се пресликува со процеси на сложено смолкнување, топење и губење од видното поле, десетици или дури стотици километри подолу од површината.
Меѓутоа, ако слушаме на вистински начин, можеме да слушнеме како кората на нашата планета бавно се менува.
Извор: sciencealert.com
Фото: Freepik