Една од причините поради кои се распадна СССР

Една од причините поради кои се распадна СССР

Подготвил: Билјана Арсовска

Забраната за алкохолот, односно воведувањето на „сувиот закон“ за време на Советскиот Сојуз во 1985 година, била една од причините за распад на државата, смета јапонскиот новинар Мититака Хатори.

Тој во една своја статија истакна дека алкохолот влијаел врз судбината на Русија. Како пример за тоа ја наведува кампањата против алкохолот во СССР, покрената од Михаил Горбачов во 1985 година. Според Хатори, таа политика се претворила во трагикомедија во разни сфери.

- Истовремено, таа политика предизвикала гнев кај пијаниците, кои имале само една разонода, а тоа е алкохолот, што на крајот довело до распад на СССР кон крајот на 1991 година, како и до оставка на Горбачов - тврди Хатори.

Авторот на текстот истакнува и дека првиот претседател на Русија, Борис Елцин, бил познат како голем љубител на алкохолот.

- Некои поединци дури и сметаат дека благодарение на тоа, успеал да го смени Горбачов, кој бил противник на консумацијата на алкохол - пишува новинарот.

Меѓутоа, Русите поретко консумираат алкохол од Јапонците, смета Хатори.

- Во Јапонија има значителен број луѓе што пијат секој ден, што во денешна Русија е исклучително редок случај - заклучува јапонскиот новинар.