Сингапур е најдобро место за живот за време на пандемијата
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
„Блумберг“ го прогласи Сингапур за најдобро место за живот за време на пандемијата. Оваа островска земја го замени Нов Зеланд, а причината за тоа е брзината на вакцинацијата. Според „Блумберг“, во Сингапур се вакцинирале речиси 20% од жителите. Во земјата живеат 5,7 милиони жители.
Нов Зеланд досега вакцинирал само околу 1,9% од населението. Австралија се наоѓа на третото место, а во оваа земја досега се вакцинирале околу 3,7% од жителите. Помеѓу првите десет се наоѓаат и Израел, Тајван и Јужна Кореја.
„Блумберг“ ја составува листата врз основа на повеќе фактори, како бројот на заразени лица, стапки на смртност и процент на население што било вакцинирано. Се земаат предвид и фактори за квалитетот на животот, како строгоста на мерките против ширење на заразата и здравствената грижа. Според „Блумберг“, Сингапур, Нов Зеланд и Австралија им овозможуваат на жителите квалитет на живот како оној пред пандемијата, со исклучок на можноста за меѓународно патување.
Фото: Сингапур/Pixabay
Животот во Сингапур се враќа во нормала од минатиот јуни, кога се овозможи отворање на продавниците, хотелите, кината и религиозните места со ограничен капацитет. Од ноември повторно се нудат крст, а од декември се дозволени и јавни настани со најмногу 250 луѓе. Месецов до 75% од работниците може да се вратат во канцеларија.
Последнава недела во Сингапур има просечно 29 позитивни случаи дневно, од кои повеќето се жители што се вратиле од странство и веќе се во карантин. Во Сингапур само 30 луѓе починале како последица од коронавирусот.
Автор: Кејти Ворен
Извор:
insider.com