„Гугл“ ќе им го плаќа опремувањето на домашните работни соби на работниците

„Гугл“ ќе им го плаќа опремувањето на домашните работни соби на работниците

Подготвил: Драгана Петрушевска

Пандемијата на коронавирусот принуди многу компании низ светот привремено да ги затворат своите канцеларии,  што многумина мораа да работат од дома.

Во САД, се чини дека технолошките фирми особено добро се адаптираа на работата од дома, со тоа што некои дури ќе продолжат да го практикуваат тоа и по пандемијата. „Твитер“ ги извести своите вработени дека може да работат од дома засекогаш, а „Фејсбук“ им дозволува на некои од своите вработени да работат надвор од канцелариите барем до крајот на годината.


Фото: Pixabay

Во вторникот, извршниот директор на „Гугл“, Сундар Пичаи, претстави план за работа на компанијата по пандемијата. Според планот, мал број вработени ќе се вратат во канцелариите на 6 јули, а повеќето веројатно ќе работат од дома до крајот на годината. Затоа, компанијата ќе им дава на вработените надомест од 1.000 долари за купување потребна опрема и мебел за нивните домашни работни соби.


Фото: Pixabay

Од друга страна, само 10% од вработените ќе се вратат во канцелариите во јули, а во септември бројот на вработени во канцелариите ќе се зголеми на 30%. Ќе бидат преземени и мерки како социјално дистанцирање - изјавил Пичаи.


Извор: digitaltrends.com