Смртни закани за градоначалник во Полска поради идејата за задолжителна ковид-вакцина

Смртни закани за градоначалник во Полска поради идејата за задолжителна ковид-вакцина

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Градоначалникот на мал полски град, кој инаку е кардиохирург, откако ја завршил болничката должност во текот на ноќта, добил алармантна вест: толпа демонстранти, некои облечени во воена облека, се собрале пред неговиот дом. Тие го споредувале со Менгеле, нацистичкиот лекар во логорот на смртта.

Малиот, но заканувачки митинг овој месец следувал по одлуката на советот на Валбжих да ја прогласи вакцинацијата против ковид-19 задолжителна за сите возрасни жители.

Како што вели градоначалникот, таа одлука го одразува едноставниот медицински факт дека вакцинацијата е единственото нешто што може да ја спречи оваа болест. Но, како што вели, предизвикал оваа мала точка на мапата на Полска да стане центарот на внимание на сите скептици на науката.

Претпазливоста од вакцините против ковид-19 се протега длабоко во Полска и е особено честа меѓу помладите луѓе. Универзитетот во Варшава спроведе истражување кое покажува дека околу 40 отсто од жителите не сакаат да се вакцинираат. Ова е пониско ниво на скептицизам отколку во Франција, но доволно за да предизвика раст на малцинството кое живее во друга реалност заснована на недоверба кон целиот научен, морален и политички авторитет.

- Нема правила, закони, факти, нема научни достигнувања, нема докажани податоци. Опасно е, многу опасно - вели градоначалникот.

Тој додава дека се плаши дека ќе расте малцинството што живее во поинаква реалност засновано на недоверба кон целиот научен, морален и политички авторитет.

Задолжителната наредба за вакцинација, одобрена од 25 градски советници, не била правосилна, а минатата недела беше прогласена за неважечка од регионалната влада, контролирана од членовите на конзервативната владина партија во Полска, кои се политички непријатели на д-р  Селемеј.

1
Градоначалникот, д-р Селемеј/Фото: Wikipedia

Но, сето тоа предизвика таков бран на омраза што полицијата му понуди деноноќна заштита на д-р Селемеј затоа што добивал смртни закани. Тој ја одбил понудата, но се согласил за мало електронско копче за паника за да може брзо да ги повика службениците во итен случај. Полицијата инсталирала и надзорни камери во неговата куќа.

Дури и конзервативните политички непријатели на градоначалникот на Валбжих изразија загриженост дека неговиот притисок да ги направи вакцините задолжителни предизвика голем бес.

Во главниот центар за вакцинација во Валбжих, во обновените простории на поранешен рудник за јаглен, неколку луѓе рекоа дека се вакцинираат само заради патување.

Но, повеќето ја поздравуваат шансата да се вакцинираат. Речиси половина од 110.000 жители на градот се вакцинирани со една доза, што е прилично над националната стапка од околу 33 отсто.

Еден 71-годишниот пензионер кој ја прими втората доза на „Фајзер“ минатата недела вели дека луѓето што го напаѓаат градоначалникот дека е нацист се луди. Како поранешен пациент во кардиолошкото одделение во локалната болница, тој му верува на градоначалникот за здравствените проблеми, многу повеќе отколку критичарите.

- Благодарение на него сум жив - вели пензионерот.

Сепак, антиваксерското движење во градот и на други места, заедно со лажните информации и теориите на заговор на интернет, најде голема публика. Мала група наречена „Чувари на слободата“ овој месец отиде во градското собрание да достави писмо со кое бара од градоначалникот да се извини и да ја откаже програмата за вакцинација.

2
Валжбих/Фото: Wikipedia

- Ова се мрачни времиња - вели д-р Селемеј, потсетувајќи се дека неговата 14-годишна ќерка била сама кога демонстрантите се појавиле пред неговиот дом. Во наредните денови лекарот и неговиот персонал добиле еден куп навредливи пораки, дури и закани со смрт.

Пјотр Сасински, поранешен заменик-градоначалник на градот, објаснува зошто вакцините станаа толку жестока точка за дебата. Како што вели тој, интернетот ја поттикна групата управувана од параноја, претворајќи мала група од 1 до 2 отсто од населението во бучна сила.

Тој вели дека ја дели желбата на градоначалникот да ги вакцинира луѓето, но смета дека му е грешен потегот обидувајќи се да ја направи вакцината задолжителна. Тоа само ги поттикна антиваксерските кругови и го игнорираше фактот дека дел од националното наследство на граѓаните на Полска е да се спротивстават на сè што ќе им се наметне.

Свесен дека неговата програма за задолжителна вакцина предизвика реакции, градоначалникот минатата недела се префрли од принуда кон убедување, објавувајќи дека секој што ќе се вакцинира ќе има право на придобивки, како билети за половина цена за базен и културни институции.

Ова не ги смири неговите најголеми критичари. Минатата недела групата „Чувари на слободата“, која не верува дека пандемијата е вистинска, отиде во градското собрание и достави писмо со кое бара од градоначалникот да се извини и да ја откаже програмата за вакцинација.

Силвија Чизи, дел од групата, вели дека ковид-19 е измислен како здравствен ризик за да ги претвори луѓето во послушна стока.

Осврнувајќи се на д-р Селемеј како д-р Менгеле, таа праша: - Како можеме да му веруваме на лекар кој нè принудува да учествуваме во медицински експеримент? Не станува збор за доверба или верување, ние само веруваме во сопствените вистински факти.

Извор: New York Times
Фото: Wikipedia