Најбезбедниот телефон на светот, а не сте слушнале за него

Најбезбедниот телефон на светот, а не сте слушнале за него

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Компјутерите со двојно и мултиподигање се популарни кај искусните корисници бидејќи им овозможуваат да имаат неколку посебни „профили“. Многумина ја користат оваа функција поради безбедноста, па изненадува тоа што трендот не се пренесе и на мобилните уреди.

Меѓутоа, од Финска, земјата која го обезбеди еден од најпопуларните телефони - „нокија 3310“, ни доаѓа мобилниот телефон „битиум таф мобајл 2Ц“. Овој паметен телефон е цврст и однатре и однадвор, но тоа е вешто прикриено со дизајнот на бизнис-телефон.

Телефонот работи на два оперативни системи - стабилниот „Андроид 9“ и сопствениот „Секјур“, кој е базиран на „Андроид“, а доаѓа и со бесплатен безбедносен клуч „Јубико 5 НФЦ“. Двата оперативни системи целосно се одвоени еден од друг, а уредот поседува и постојано вклучен ВПН и поддршка за сопствено управување со мобилни уреди.



Уредот може да издржи и удари, а доаѓа и со режим на приватност кој може да се активира со едно копче, со што се оневозможуваат блутут, микрофон и камера. Податоците за цената сè уште не се достапни, но со оглед на тоа што „таф мобајл 2“ чини околу 1.400 евра, новиот модел „2Ц“ не би требало да чини помалку.

Инаку, мобилните телефони „битиум“ не се достапни секаде, но се познати во деловниот свет поради нивната безбедност. Досега се излезени моделите „битиум таф мобајл“, „битиум таф мобајл Р“, „битиум таф мобајл Ц“, „битиум таф мобајл 2“ и најновиот „битиум таф мобајл 2Ц“.

Извор: b92.net
Фото: Twitter