Најчести, можни и најтешки симптоми на коронавирусот
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Ковид-19 е респираторна состојба предизвикана од коронавирусот. Некои се заразуваат, но не забележуваат никакви симптоми.
Повеќето од заразените имаат благи симптоми, но просечно еден во шестмина има сериозни проблеми со дишењето. Шансите за сериозни симптоми се поголеми доколку сте постари или имате друга здравствена состојба, како дијабетес или срцева болест.
Фото: Pixabay
Истражувачи од Кина откриле кои знаци на болеста ја имале најголемиот дел од хоспитализираните пациенти. Тие ги рангирале симптомите од најчести, преку можни до оние поради кои треба задолжително да се јавите на лекар.
Најчести симптоми
Треска - 99%;
Истоштеност - 70%;
Сува кашлица - 59%;
Губење на апетитот - 40%;
Болка во мускулите - 35%;
Недостиг на здив - 31%;
Шлајм - 27%.
Овие симптоми најчесто се јавуваат од 2. до 14. ден по заразувањето.
Фото: Pixabay
Можни се и овие симптоми
Суво грло;
Главоболка;
Трепет;
Губење чувство за вкус;
Затнат нос;
Повраќање;
Дијареја.
Знак за аларм
Доколку имате некој од следните симптоми, задолжително треба да се јавите на лекар.
Тешкотии со дишењето;
Постојана болка или притисок во градите;
Посинети усни или лице;
Ненадејна конфузија.
Извор:
nedeljnik.rs