Кои видови на вежби се најдобри за здравјето на мозокот?

Кои видови на вежби се најдобри за здравјето на мозокот?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Вежбањето е исто добро за мозокот колку што е добро и за телото, покажуваат голем број истражувања, особено еден вид на вежба.

-Порано, повеќето вежби се фокусираа на делови од телото од вратот надолу, како сцето и белите дробови. Но сега откриваме дека треба да го разгледаме мозокот за да се покажат вистинските придобивки од физички активниот животен стил на еден човек - вели Озиома Оконкво, доцент по медицина на Медицинскиот факулте во Висконсин.

Вежбањето може да биде едноставен начин за луѓето да го намалат ризикот од губење на меморијата и Алцхајмеровата болест, дури и оние кои се генетски изложени на ризик од болеста.

Придобивките што ги има мозокот од вежбањето се многу повеќе од само превенција на болести. Оконкво исто така покажа дека луѓето кои вежбаат имаат поголем обем на мозокот во областите на мозокот поврзани со расудување.

-Спроведовме серија на истражувања што покажуваат дека зголемениот аеробен капацитет ја зголемува структурата, функцијата и когницијата на мозокот. Други луѓе откриваат дека вежбањето може да им го подобри расположението - вели Оконкво.

Вежбањето го подобрува здравјето преку различни начини. Го подобрува работењето на срцето, го зголемува протокот на крв во мозокот. Оваа крв обезбедува кислород што е добро, со оглед на тоа што мозокот е најголемиот потрошувач на кислород во телото. Исто така, физичката активност ги зголемува нивоата на невротрофичен фактор, што помага во поправањето и заштитата на мозочните клетки од дегенерација и помага во развојот на нови мозочни клетки и неврони.

Во едно истражување, Џо Нортеј, докторант на Универзитетот за истражувачки институт за спорт и вежбање во Австралија, покажало дека кога луѓето возат велосипед, искусуваат зголемување на протокот на крв во мозокот.

-Со вежбањето се намалуваат ризиците поврзани со чести болести предизвикани од лошиот животен стил кои влијаат врз мозокот, како високиот шеќер и хипертензијата - вели Нортеј.

Аеробните вежби, како трчање и пливање, се најдобри за здравјето на мозокот затоа што ја зголемуваат брзината на срцето што значи дека телото пумпа повеќе крв во мозокот. Истото важи и за подигнувањето тежина. Поврзаноста помеѓу вежбањето и тренингот за отпор со подобрувањето на здравјето на мозокот не е утврдена, но истражувањата со текот на времето растат.

Засега, Нортеј препорачува комбинација од двете.

-Комбинирањето на двата вида вежби е идеално. Покрај подобрувањето на функцијата на мозокот, треба да очекувате подобрување и на кардиореспираторниот фитнес и мускулната сила како и намалување на ризикот од прекумерна телесна тежина, дијабетес и хипертензија помеѓу другите болести - додава тој.