Сопствениците на кучиња се посреќни од останатиот дел од светот
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Постои причина зошто кучињата се нарекуваат најдобриот пријател на човекот. Според истражување, луѓето кои поседуваат кучиња се многу посреќни од луѓето кои поседуваат мачки. Но, придобивките во менталното здравје не се единствени што ви ги носи поседувањето куче, постојат и многу други.
Го зголемуваат нивото на среќа
Според истражување од Џи-ес-ес, 36 отсто од сопствениците на кучиња изјавиле дека се многу среќни, додека само 18 отсто од сопствениците на мачки го изјавиле истото. Изненадувачки, луѓе кои поседувале и мачка и куче се опишале себеси помалку среќни во споредба со оние кои имале само куче. Исто така, сопствениците на кучиња изјавиле дека уживаат во поминатото време со нивните кучиња и тие им помогнале во тешки времиња.
Друго истражување покажало дека луѓето кои избираат кучиња се подруштвени и екстровертни. Така, нивната личност влијае врз нивната перцепција на светот и ги прави позадоволни во животот.
Сопствениците на кучиња се поактивни и подруштвени
Високото ниво на физичка активност исто така придонесува на чувството за среќа. Истражување открива дека сопствениците на кучиња, трчаат 33 километри неделно, што е 11 километри повеќе од луѓето кои немаат куче. Исто така, сопствениците на кучиња исто така имаат поголема веројатност да се вклучат во физички активности на отворено и да комуницираат со други луѓето за време на нивните прошетки, што ги прави да се чувствуваат поповрзано со заедницата.
Поседувањето на куче ги намалува нивоата на стрес и придонесува за долговечност
Благодарение на социјалната поддршка и зголеменото ниво на физичка активност, сопствениците на кучиња имаат помала веројатност да умрат од кардиоваскуларни облести.
Сопствениците на кучиња тврдат дека имаат силна врска со нивните миленици што им овозможува дополнителна емоционална поддршка и го намалува нивото на стрес. Освен тоа, поседувањето на куче е одлична можност за создавање нови пријатели и поминување време со семејството, што го подобрува менталното и емоционалното здравје.