Дигитално реконструирал 6 светски културни наследства на УНЕСКО за да покаже како оригинално изгледале

Дигитално реконструирал 6 светски културни наследства на УНЕСКО за да покаже како оригинално изгледале

Подготвил: Тамара Гроздановски

Постојат стотици стари градби низ светот кои со текот на времето станале историско наследство. Тие се огромен дел од историјата на човештвото, покажувајќи ни што изградиле нашите предци пред илјадници години.

Овие историски згради се под постојана закана. Природните катастрофи и човечката активност се одговорни за нивното влошување. Нашата постојана потреба за напредок и урбанизација ги уништуваат и природата и историското наследство. УНЕСКО се обидува да ги заштити овие градби; во моментот 53 места од листата на УНЕСКО се во опасност.

За целосно да разбереме колку неверојатни и убави биле овие градби, „Баџет Дајрект Травел Иншуренс“ во соработка со архитектот Јелена Поповиќ, реконструирале шест историски споменици кои моментално се во опасност. После многу истражување, сега имаме дигитална слика за тоа како изгледале овие места. Тешко е да се поверува дека овие градби биле направени во ера пред технологијата, нели?

Хатра, Ирак

1

2

- До неодамна, Хатра беше најдобро зачуваниот антички град. Тврдината била изградена помеѓу 3-2 век пред новата ера. Хатра бил главен град на првото арапско кралство и бил наречен Божји дом заради храмовите што ги славеле грчките, месопотамските и арапските богови. Кралот Ардашир I го уништил градот во 3 век, а урнатините биле откриени во 19 век. Во 2015 година, УНЕСКО ја додаде Хатра во својата листа на загрозени места откако милитантите на ИСИС пукале со куршуми во ѕидовите и кулите.

Лептис Магна, Либија

1

2

Кога Септемиј Север бил крунисан за император во 193 година, тој го развил својот роден град како одличен пример за римското урбанистичко планирање и архитектура. Лептис Магна станал третиот најважен римски град во Африка благодарение на богатството и моќта на неговиот славен син.

Меѓу највредните места во градот спаѓа и овој театар, кој бил ископан во низок рид што претходно се користел како гробишта.

Паламира, Сирија

1

2

Паламира стана амблем на загрозено наследство. Во екот на војната во Сирија, милитантите на ИСИС наводно го измачувале 82-годишниот шеф на антиквитети на Палмира за да откријат каде ги криел важните артефакти за заштита на градот. Калед ал-Асаад, кој бил одговорен за градскиот музеј, на крај бил убиен без да ја каже локацијата.

Милитантите го уништиле храмот Баал - останал само дел од ѕидот и главниот влез на лакот на храмот. Денес се работи за зачувување на античкиот град.

Тврдина Портобело-Сан Лоренцо, Панама

1

2

Почнувајќи од 1590-тите, шпанската круна изградила серија на тврдини покрај брегот на Карибите на Панама за да ја заштити трансконтиненталната трговија. Некои од тврдините биле изградени за да ги интегрираат природните одлики на крајбрежјето. Некои имаат средновековен изглед, додека други биле дизајнирани во нео-класичен стил. Но, природните сили го загрозуваат местото, урбанизацијата навлегува во земјата, а одржувањето прави проблеми и ги компромитира тврдините одвнатре.

Нан Мадол, Остров Темвен, Федерални држави на Микронезија

1

2

Помеѓу 1200 и 1500 година, локалното население користело камења од базалт и корали за да изгради 100 островчиња во близина на главниот остров. Големината и софистицираноста на овие вештачки острови и стурктурите што ги водат се доказ за достигнувањата и културата на народите на династијата Сауделеур.

Станува збор за град на вода што е исклучително ранлив. Местото не е променето и не било користено од 1820-тите. Но, растенијата ја поткопуваат структурата на Нан Мадол, додека штетите од невремето продолжуваат да го поткопуваат местото.

Стариот град Ерусалим и неговите ѕидови (Ерусалим, Израел)

1

2

Ерусалим е дом на структури со културно значење изграден пред повеќе од стотици години. УНЕСКО го постави стариот град на листата на загрозени поради сериозно уништување проследено со брзата урбанизација. Ситуацијата останува комплексна затоа што секојдневно граѓаните живеат во компромитирани услови околу локацијата.

Извор: Bored Panda