Германско-данската серија која го предвиде Ковид-19

Германско-данската серија која го предвиде Ковид-19

Подготвил: Драгана Петрушевска

Болест што наликува на птичјиот грип се појавува во Северна Кина, но луѓето кои живеат во еден изолиран остров во Северното Море не се загрижени за неа. Еден ден, брод со мумифицирани тела на британски пар случајно стигнува до островот. Последователно, болеста, односно вирусот доаѓа на островот преку починатите.

Ова звучи како сценарио инспирирано од Ковид-19, но всушност „Слоборн“ (Sløborn), германско-данска серија, била снимена минатата година и се прикажува на германска телевизија во време кога Европа се бори со пандемија во реалноста.


Фото: YouTube

Серијата, чие име се преведува како „бавно горење“, ја покажува приказната за животот на измислениот остров кој го носи истото име и начинот на кој тој влегува во хаос како што се шири вирусот. На жителите на островот им се вели да носат маски за лице и да се дистанцираат физички од останатите. Се воведуваат карантини и се појавуваат теории на заговор за почетоците на епидемијата.

Креаторите на серијата ја опишуваат како „пост-апокалиптичен трилер споен со современ еп во која се гледа што им се случува на современите луѓе кога колабира тенкиот слој на нашата цивилизација. Серијата за малку не била откажана бидејќи била премногу слична со реалноста во моментов.

- Прашањето беше дали може да побараме од нашата публика да ја гледа сега - изјавил авторот и режисер Кристијан Алварт.

Кога Германија започна да воведува мерки за ограничено движење и ги затвораше границите, серијата беше во пост-продукција.



Извор: theguardian.com