Месечината е изненадувачки радиоактивна

Месечината е изненадувачки радиоактивна

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Научниците велат дека првпат утврдиле колку е радиоактивна Месечината. Нови податоци собрани со кинескиот ровер „Чанге 4“ покажуваат дека на Месечината има многу повеќе радијација отколку на Земјата или на Меѓународната вселенска станица. Сепак, станува збор за ниво на кое малата изложеност може да биде безбедна.


Фото: Pixabay

Физичарот Роберт Вимер-Швајнгрубер, кој работел на истражувањето, објаснува дека нивото на радијација измерено на Месечината е околу 200 пати поголемо од она на површината на Земјата и 5 до 10 пати повисоко од она за време на лет од Њујорк до Франкфурт. Ова е значителна изложеност за астронаутите кои во иднина би оделе на Месечината.

Си-ен-ен известува дека астронаутите на „Аполо“ носеле опрема за мерење на радијацијата на Месечината, но податоците никогаш не стигнале назад на Земјата. Сепак, сега е важно да се знае за зрачењето на Месечината бидејќи НАСА работи на мисии за испраќање на следните астронаути на Месечината.

Автор: Џон Кристијан
Извор: futurism.com