Погледнете го најшарениот станбен блок во Украина
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Мала област во Киев наречена „Град на удобноста“ дефинитивно воодушевува со боите. Од птичја перспектива изгледа како утопија.
Оваа населба настанала како станбен проект на архитектонската фирма „Арчиматика“ и се градела 11 години. Се простира во некогашната индустриска зона, а изградена е со цел во Киев да постои еден станбен блок што може да се продаде во случај на криза. Тоа е постигнато со создавање удобно и атрактивно опкружување за неговите
жители.
Зградите се обоени во комбинација од светли и пастелни бои, а просторот е поделен со малечки улици и зелени површини во внатрешноста на блоковите.
Населбата има свој малопродажен комплекс од 4.500 квадратни метри, сала за вежбање од 4.600 квадратни мери и спортски објекти на отворено што се простираат на 1,5 хектар. Има и кафулиња, продавници и канцеларии сместени во долните катови на станбените згради.
Освен тоа, архитектите успеале да ги зачуваат повеќето зелени површини во станбениот комплекс и да ги обноват старите структури, како фонтаните и малите скулптури.
Ако правите планови за патувања по пандемијата, а сте љубител на лего-коцките или сте љубопитен патник кој сака да посетува необични места, оваа киевска населба е вистинската дестинација за вас.
Фотографии: Instagram