Во кои градови луѓето се најсреќни? Европа повторно ги зазеде првите места на ранг-листата
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Тешко е да се одреди во кој град најубаво се живее. Во игра се многу фактори: локација, инфраструктура, локална политика, сообраќај, достапност на содржини... Што и да „мериме“ како показател за квалитетот на животот во еден град, не значи дека жителите на тој град се среќни.
Затоа, Лондонскиот институт за квалитет на живот секоја година објавува листа со градови рангирани врз основа на среќата на нивните граѓани. Институтот идентификуваше пет категории кои имаат најдиректно влијание врз среќата, а тоа се жителите, управувањето, животната средина, економијата и мобилноста.
Овие фактори понатаму се поделени во 24 поткатегории, кои вклучуваат достапност на зелени површини, образовен систем, транспорт и пристап до културни содржини. За креирање на листата биле интервјуирани и жителите, а се пријавиле околу 1.650 градови од светот.
Најсреќните градови за 2024 година
Листата содржи 250 имиња на градови, а тие се поделени во три групи, според освоениот „медал“ според бројот на бодови: злато (од 1. до 37. место) сребро (38. до 100. место) ) и бронза (101. до 250. место).
Оваа година титулата за најсреќен град во светот му припадна на Орхус, вториот по големина град во Данска, кој се наоѓа на источниот брег на полуостровот Јитланд, западно од Копенхаген, познат по својата гастрономска сцена и културен живот, како и неговото управување, а грижата за животната средина му донесе високи оцени.
По Орхус следуваат Цирих и Берлин, а 19 од првите 20 најсреќни градови се европски. На ранг-листата доминира Скандинавија, се појавуваат (повторно) Данска, Исланд, Холандија, Швајцарија и Германија, а единствениот неевропски град во првите 20 е Минеаполис во САД.
Градови најблиски до нас во категоријата злато се Виена и Инсбрук, Љубљана освои сребрен медал и се најде на 84. место, а Хрватска се појавува на рангирањето само во бронзената категорија: Сплит е на 133. место, а Загреб на 181. место, Белград е на 238. место, а Сараево на 240. место во рангирањето на најсреќните градови.
Извор:
Punkufer.dnevnik.hr
Фото:
Wikipedia