За образовните асистенти, лабораториите на факултетите, по скалилата на успехот со Ади Имери... Што пишувавме неделава?

За образовните асистенти, лабораториите на факултетите, по скалилата на успехот со Ади Имери... Што пишувавме неделава?

„Ќе имаме поуспешна туристичка приказна ако го сфатиме својот потенцијал“ , вели Ѓурѓина Ристеска, која магистрира на тема за развој на туризмот во Мариово

Ѓурѓина Ристеска од Прилеп дипломира со просек 9,71 и беше најдобар студент на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, за академската 2020/2021, во период кога сите актери во образовниот процес се соочија со пандемијата на коронавирусот.

По скалилата на успехот со Ади Имери: „Не се сфаќам себеси сериозно и немам тенденција да идолизирам луѓе“

Ади Имери е наш познат современ музичар, вклучен во разни музички форми, бендови, доживувања… Привлечен е од магијата на сите музички инструменти, но со гитара најчесто го гледаме на сцена. Многубројни настапи и концерти се дел од неговата кратка биографија. Се пробува во повеќе музички жанрови, истражува во повеќе музички форми и константно е во потрага по нови интересни ликови од музиката за соработка.

Со какви лаборатории располагаат ФЕИТ и Факултетот за ветеринарна медицина?

Во последните 15 години ФЕИТ обезбеди околу 2,5 милиони евра за своите лаборатории преку кои нуди најсовремени услови за практична настава, експериментирање и развој на нови производи за индустриските партнери, споделуваат од Деканатот на ФЕИТ.

Педагози, психолози, социолози, лица без искуство работат како образовни асистенти: „Односот со детето и родителите е поважен од дипломата и обуките“

Образовните асистенти, според ниту еден образовен концепт, не треба да го заменат наставникот, туку треба да соработуваат со него за да го подобрат процесот на учење на одреден ученик. Првичната идеја е тие да им помагаат на децата со попреченост кои се запишуваат во редовните училишта и кои се соочуваат со тешкотии во следењето на наставата, кои имаат тешкотии да учат со исто темпо како соучениците.