Полицијата во Дубаи ќе го вклучи сајбер-камионот на Маск во својот возен парк
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Полицијата во Дубаи официјално планира во својот возен парк да го додаде и новиот сајбер-камион на „Тесла“.
На официјалниот профил на полицијата од Дубаи осамна фотографија од сајбер-камионот со лого од полицијата, а над фотографијата пишува: 2020.
Веста доаѓа по објавата на извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, дека веќе има 250.000 предвремени нарачки за
камионот.
Врховниот командант на полицијата во Дубаи, Абдула Калифа Ал Мари, истакна дека новите возила ќе помогнат за зајакнување на присутноста на безбедносните сили на туристичките дестинации.
Полицијата од Дубаи веќе има прилично вчудовидувачки возен парк со луксузни спортски автомобили, меѓу кои се и некои од најбрзите автомобили на светот, од „бугати вејрон“ до „ламборгини авентадор“.
Сајбер-камионот ќе биде вредно дополнение на возниот парк, но не е јасно како полицијата од Дубаи очекува да го набави следната година кога производството треба да почне кон крајот на 2021 година.