Билингвалниот мозок е подобар во игнорирањето на неважните информации
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Луѓето што зборуваат два јазика можат полесно да го префрлат вниманието од една работа на друга, во споредба со оние што зборуваат еден јазик, покажува истражување.
Истражувањето ги испитувало разликите меѓу билингвалните и монолингвалните лица кога станува збор за контрола на вниманието и игнорирање на информациите што не се важни во тоа време, рече авторката Грејс Деморис, доктор на науки на Универзитетот во Флорида.
- Нашите резултати покажаа дека двојазичните лица се поефикасни во игнорирањето на информациите што се ирелевантни. Едно објаснување за ова е дека билингвалните лица постојано се префрлаат помеѓу два јазика и треба да го префрлат своето внимание од јазикот што не е во употреба - рече Деморис.
На пример, ако лицето зборува англиски и шпански, а води разговор на шпански, и двата јазика се активни, иако англискиот е ставен на чекање, но секогаш подготвен да се искористи по потреба.
Многу истражувања ги испитуваа разликите помеѓу двете групи во широки когнитивни механизми, кои се ментални процеси што ги користи нашиот мозок, како меморија, внимание, решавање проблеми и одлучување, рече Деморис.
- Ефектите од зборувањето два јазика врз когнитивната контрола на една личност се предмет на дебатирање. Дел од литературата вели дека овие разлики не се толку изразени, но тоа би можело да се должи на задачите што лингвистите ги користат за истражување на разликите помеѓу билингвалните и монолингвалните лица - вели Деморис.
Деморис сакала да види дали ќе се појават разлики меѓу две групи, па користела задача која претходно не била применета во психолингвистиката, наречена задача за делумно повторување на трошоците за да ги измери способностите на учесниците да се справат со дојдовните информации и да го контролираат нивното внимание.
- Откривме дека билингвалните лица се подобри во игнорирањето на ирелевантните информации - вели Кан.
Билингвалните лица биле категоризирани како луѓе кои ги научиле првиот и вториот јазик пред возраст од 9 до 12 години и сè уште ги користеле двата јазика.
Истражувачите истакнаа дека нивното истражување немаше цел да покаже дека луѓето што зборуваат два или повеќе јазици имаат предност во споредба со оние што зборуваат еден.
- Не бараме предности или недостатоци. Сепак, без оглед на когнитивните разлики, учењето втор јазик секогаш ќе биде нешто што може да ви биде од корист, без разлика дали тие придобивки се когнитивни, социјални или еколошки. Изложувањето на втор јазик никогаш нема да биде ставено во негативна конотација - вели Деморис.
Извор:
Phys.org
Фото: Freepik