Погледнете како се одвиваше 5-годишното реновирање на катедралата Нотр Дам по разорниот пожар
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Пет години по разорниот пожар во познатата катедрала Нотр Дам во Париз, на видеото можете да видите како се одвиваше реновирањето на зградата, која е дел од светското наследство на УНЕСКО.
Кулата и покривот на 850-годишната готска катедрала беа уништени во пожар во април 2019 година, но главната структура беше спасена, како и двете камбанарии.
Катедралата повторно ќе биде отворена за јавноста на 7 декември.
Извор:
ВВС
Фото: Screenshot/BBC