Маргарет Тачер била разочарана по првиот разговор со Нелсон Мандела

Маргарет Тачер била разочарана по првиот разговор со Нелсон Мандела

Маргарет Тачер била многу разочарана по нејзиниот прв разговор со Нелсон Мандела, опишувајќи го како човек со прилично затворен ум. Долгото подготвување за, на крајот, успешната средба на двајцата лидери во јули 1990 година - пет месеци по ослободувањето на Мандела од затвор - е откриено во официјалните документи.

Средбата следела по еден неуспешен обид за средба меѓу Маргарет Тачер и Нелсон Мандела, за што лидерот на Јужнoaфриканската Република го обвинил неговиот секретар, кој наводно кратко пред тоа предложил во Африканскиот национален конгрес да се запре потенцијалниот состанок.

Мандела на таа средба сакал да изрази незадоволство од ставот на Тачер кон властите кои пропагирале за апартхејдот.

Сепак, документацијата што од „Гардијан“ имале можност да ја анализираат, покажува детални подготовки за состанок кој подоцна излезе на виделина.

Првиот документ во тајното досие со наслов „Посетата на Нелсон Мандела на Велика Британија" ја бележи одлуката на британската премиерка да направи „грешка заради великодушност“ и да го повика Мандела на разговор и работен појадок на четврти јули.

Сепак, веќе на 16 јуни, Чарлс Пауел, советник за надворешни работи на Тачер, добил зачудувачки повик од Мандела, кој бил надвор од себе.

Тој бил многу загрижен за новата одлука на британската премиерка за ублажување на санкциите на тогашната влада. Мандела прашал дали таа би била достапна во осум изутрина.

Пауел одбил да организира средба пред рокот, а следниот ден следел разговорот што ја шокирал „Челичната дама". Мандела и Тачер зборувале преку телефон во 7:30 наутро. Тој предупредил дека прераното попуштање на санкциите ќе биде контрапродуктивно на патот кон гаснење на апартхејдот. Таа побарала Африканскиот национален конгрес да ги напушти вооружените методи на борба и истакнала колку Велика Британија патела поради активностите на ИРА.

Нивниот прв директен контакт е заведен во документот кој има 4 страници.

-Премиерката ми кажа коментари по разговорот дека малку е разочарана од Мандела, кој ѝ изгледал како лице со затворен ум - пишува во забелешката на Пауло.

Советникот за надворешни работи предложил деталите од разговорот да не излегуваат во јавноста, но се плашел дека ефектите од тој телефонски повик би можеле да се видат за време на состанокот на 4 јули. Меѓутоа, британскиот амбасадор Робин Ренвик, постојано испраќал позитивни извештаи за соработката со Мандела, па и тоа влијаело Тачер да не биде остра на средбата која требало да следи.

Тачер пред да се сретне со Мандела добила и детални инструкции за тоа како да разговара со претседател на Јужноафриканската Република.

Сепак, записите на Пауел од средбата го покажуваат Мандела на сосема поинаков начин.

-Тоа беше одлична средба со одлична атмосфера. Неговите почетни коментари траеја речиси 50 минути - пишува во еден од записниците од состанокот.

Така, состанокот кој можел и да не се одржи, резултирал со добра соработка и го лошиот прв впечаток се претворил во пријателски однос.