На „Нетфликс“ пристигнува новиот крими-документарец за Ричард Рамирез, еден од најозлогласените сериски убијци во САД

На „Нетфликс“ пристигнува новиот крими-документарец за Ричард Рамирез, еден од најозлогласените сериски убијци во САД

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Нов крими-документарец во четири дела - „Ноќен прогонувач: Лов на сериски убиец“ (Night stalker: The Hunt for a Serial Killer) доаѓа на „Нетфликс“. Како што велат дел од обожавателите, станува збор за серија пострашна и од хорор-филм. Еве што досега знаеме за оваа серија.

За што станува збор во серијата?

Дејството на серијата е сместено во Лос Анџелес, Калифорнија, во 1985 година. Станува збор за вистинска приказна за Ричард Рамирез, озлогласен сериски убиец познат како „ноќниот прогонувач“. Документарецот е раскажан од перспектива на детективите Џил Карило и Френк Салерно, кои на крајот успеале да го решат случајот. Документарецот содржи интервјуа, архивски снимки и оригинални фотографии.

Кој бил Ричард Рамирез?


Рамирез бил американски сериски убиец кој бил активен од 1984 до 1985 година во пошироката област на Лос Анџелес (подоцна и Сан Франциско). Тој бил одговорен за најмалку 14 убиства, а на крајот бил фатен и осуден по сите обвиненија. Неговиот случај завршил како најскапиот судски процес во историјата на Калифорнија, сè до судењето на О. Џ. Симпсон во 1994 година.

Документарецот е во режија на Тилер Расел, а извршни продуценти се Расел, Тим Волш, Ели Холцман и Арон Сејдман. Сите четири дела ќе бидат премиерно прикажани на 13 јануари 2021 година на „Нетфликс“.



Извор: Purewow.com
Фото: Screenshot/YouTube