Единствената земја каде што има Министерство за среќа

Единствената земја каде што има Министерство за среќа

Подготвил: Драгана Петрушевска

Бутан е единствената земја во светот каде тантричкиот Будизам е официјална религија. Како резултат на тоа, владата верува во потрагата по среќа како цел за секој жител.

Оваа цел, впрочем, е напишана во уставот на земјата. Токму затоа, никој не се чуди во Бутан кога ќе биде прашан дали е среќен за време на попис. На последниот попис од 2015 година, 35 отсто од жителите изјавиле дека се „екстремно среќни“, 47,9 отсто  изјавиле дека се „умерено среќни“, а само 8,8 отсто од жителите изјавиле дека биле „несреќни“.

Во Бутан не постои концептот „бруто домашен производ“. Наместо тоа, најдобар показател за напредокот на земјата е националната среќа. Среќата се смета за најголем приоритет во сите закони. Владата на Бутан има дури и Министерство за среќа и е единствена земја во тоа.

Соодветно, Бутан е помалку погодена од проблемите како глад и криминал. Жителите се отворени и не се опседнати со модерната технологија. Таму е нелегално да се убиваат животни, поради што повеќето од жителите се вегетаријанци.

Уште еден интересен факт за животот во Бутан е дека шумите не се сечат, туку жителите се трудат секогаш да садат повеќе.